|
|
||||
| Драги колеги, Во името на Организациониот одбор на 7-миот БАНТАО Конгрес, задоволство ни е да Ве поканиме во Охрид, 8-11. 09. 2005 г. Идејата за создавање на Балканската асоцијација за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (БАНТАО) беше создадена во Охрид, 1993г. Беше одлучено Првиот БАНТАО Конгрес да се одржи во Варна, 1995. Потоа, следеа успешни конгреси во Варна (1995), Струга (1997), Белград (1998), Измир (1999), Солун (2001) и Варна (2003), кои го потврдија БАНТАО како главен собир на Балканските нефролози, иницирајки ја нашата желба за комуникација, соработка, за запознавање и мегусебна поделба на проблемите. Овој Конгрес е повеке од професионално збиднување и стана културен феномен, преку кој што откриваме дека имаме многу заеднички нешта што однапред сме ги мислеле, и дека мораме да имаме предност за да бидеме во можност слободно да комуницираме во свет без политички граници. Советот на БАНТАО успеа, во мировен дух, пријателство и соработка и имаше цел понатаму да ја зајакне оваа асоцијација и да стане познат и славен не само во Европа, туку и на мегународно ниво. БАНТАО Конгресот ке се одржува на секои две години во различни земји на Балканот и во различен град. Советот на БАНТАО имаше чест да го одбере Охрид како град домакин на 7-миот БАНТАО Конгрес, а Организациониот одбор и нефролозите од Р. Македонија ке ги вложат сите напори за успешен и незаборавен настан. Охридското езеро е познато како “музеј на живи фосили” бидејки поседува ретка фауна стара неколку милиони години. Градот Охрид покрај брегот на Охридското езеро е главно туристичко место во Р.Македонија, 172 км одалечено од Скопје (2,5 часа возење). Претставува бисер на старата архитектура, и чува вредносни културни и историски споменици. Почетоците на градот датираат од вториот век пред новата ера, со првото запишано име Лихнидос. Словенското име Ахрида се појави 6 века подоцна. Во 9-тиот век, Охрид беше колевка на Словенската писменост: Климент и Наум, ученици на првите Словенски учители Кирил и Методиј, ја основаа во Охрид првата Словенска школа за високо образование. Традицијата и културата оставија во Охрид многу знаменитости, како старата тврдина, стариот дел од градот и бројни средновековни цркви со значајни фрески и икони. Охрид е град на првиот Универзитет на Балканскиот Полуостров. Со кристално чистите езерски води, бескрајните песочни плажи и модерни хотели кои изникнуваат како бисери покрај езерската шир. Во старата чаршија локалните занаетчии се уште ја негуваат античката трговија. Тесните улички се збогатени со светски познатите цркви, прекрасно обоените фрески и икони. Охрид е домакин на многу мегународни фестивали, состаноци и конференции и е домакин на Балканскиот фестивал на традиционалните народни песни и игри. Охрид и Охридското езеро се заштитени во Регистарот за заштита на светските вредности на Обединетите нации. Ве очекуваме во Охрид, градот на УНЕСКО, за наука и дружење.
|
||||
|
Димитар Ненов |
Момир Поленаковик Претседател на 7-миот БАНТАО Кoнгрес ![]() |
|||
![]() |
||||
|
||||